World News in Macedonian

Москва задоволна од поканата за руските бизнисмени на Светскиот економски форум во Давос

Руските власти ја поздравија одлуката на Светскиот економски форум во Давос да го одобри доаѓањето на руските бизнисмени кои се под американски санкции, што беше услов Москва да учествува на годишниот собир на светската економска елита.


„Го поздравуваме фактот што Економскиот форум во Давос и неговите претставници го сфатија нашиот став според кој е неприфатливо да се применува селективен пристап кој нашите бизнисмени. Ние го поздравуваме тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.


Генералниот директор на Форумот, Алоис Цвинги, претходно изрази задоволство што може да објави дека по договор со сите инволвирани страни, може да присуствуваат функционери и бизнисмени од сите земји од Г-20 и дека Русија исто така ќе испрати висока државна делегација во Давос.


Под притисок на Вашингтон, кој воведе санкции, Форумот првично не ги покани рускиот алуминиумски магнат Олег Дерипаска, шефот на државната банка ВТВ, Андреј Костин и сопственикот на инвестициона фирма, Виктор Векселберг. Рускиот премиер Дмитри Медведев минатиот месец се закани дека поради тоа Русија ќе го бојкотира состанокот во Давос 2019.


Форумот ќе се одржи од 21 до 25 јануари 2019.

Читайте на сайте