World News in Macedonian

За Брегзит ќе се гласа третата недела од јануари

Британската премиерка Тереза Мeј во говорот пред пратениците во Лондон изјави дека одложеното парламентарно гласање за договорот Брегзит ќе се одржи третата недела од јануари.


Претставничкиот дом на Велика Британија минатата недела требаше да гласа за договорот за Брегзит, кој таа го постигна со лидерите на ЕУ, но таа го одложи гласањето, бидејќи беше јасно дека повеќето пратеници ќе се спротивстават на тоа. Меј се обидува да добие некои отстапки од ЕУ за да добие поддршка од пратениците, но од ЕУ порачуваат дека нови преговори нема да има.


Премиерката денеска изјави дека дебатата за договорот ќе продолжи на 7-ми јануари кога пратениците ќе се вратат од паузата за Божиќ и дека гласањето може да се одржи една недела подоцна, објави Асошиетед прес.

Читайте на сайте