World News in Macedonian

Русија негира дека се меша во американската политика преку социјалните мрежи

Кремљ денеска ги отфрли како неосновани наводите дека Русија води кампања со дезинформации во САД преку социјалните мрежи.


Во извештаите изработени за американскиот сенатски комитет за разузнавање се наведува дека Москва водела кампања во пресрет на претседателските избори во САД во 2016 година за да му помогне на претседателот Доналд Трамп да биде избран.


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска ги отфрли таквите наводи, велејќи дека извештаите се обид вината за социјалните тензии во САД да се префрли врз Русија, без нудење докази. Пресков остро демантира руско мешање во американската политика. Тој рече дека „руската влада не направила ништо во врска со какво било мешање“.


 

Читайте на сайте