Могерини: Оптимист сум за европската иднина на Србија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека е опимист околу европската иднина на Србија, додавајќи дека земјата во соработка со Брисел може уште побрзо да напредува на патот кон ЕУ.
„Оптимист сум кога станува збор за европската иднина на Србија и верувам дека со заедничка работа Србија може да напредува уште побрзо, нагласи Могерини на заедничката прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ, одржана по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Србија и ЕУ.
Могерини нагласи дека процесот на придружување на Србија кон ЕУ зависи од спроведувањето на неопходните реформи, изразувајќи уверување за натамошен напредок во клучните области, како владеењето на правото, независноста на судството и слободата на говорот.
Таа потенцираше дека еден од клучните елементи за Србија при напредокот во приближувањето кон ЕУ е и нормализација на односите со Косово.