World News in Macedonian

Собранието го донесе Законот за амнестија за настаните од 27 април

Собранието на Македонија вечерва го донесе Законот за амнестија. Пратениците го изгласаа Законот со 95 гласа „за“, без против и воздржани.


Пред гласањето, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека пратениците на неговата партија се приклучуваат кон предлагачите на овој закон.


Предлог Законот за амнестија за случувањата на 27 април по скратена постапка беше единствена точка на седницата која беше закажана попладнево.


Предлогот го поднесоа група од над 20 пратеници откако беше соопштено дека Интерпартиската парламентарна група за реформи, помирување и интеграција постигнала согласност за законсото решение.

Читайте на сайте