World News in Macedonian

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти расправата за уставните амандмани

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека донела одлука да не учествува во натамошната расправа за уставните амандмани, откако била направена консултација со Извршниот комитет на партијата.


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Собранието изјави дека се против уставните измени и оти нема да дадат легитимитет „на оваа фарса.“ 


Расправата по уставните измени што требаше да се одржи вечерва во собраниската Комисија за уставни прашања е одложена за утре во 12 часот поради верскиот празник Свети Никола. 


Ова е трета и последна фаза од постапката за промена на Уставот, согласно Договорот од Преспа.


Уставната комисија треба да ги разгледува четирите нацрт-амандмани, и Извештајот на Владата од јавната дискусија за нацрт-амандманите, а потоа како втора точка е ставен Предлог-уставен закон за спроведување на амандманите на Уставот на Република Македонија.

Читайте на сайте