World News in Macedonian

Европската комисија го поддржа носењето на Законот за амнестија

Европската комисија денеска го поздрави усвојувањето на Законот за амнестија за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, оценувајќи го како можност за помирување на општеството.


„Овој процес е клучен за градење национален консензус за стратегиските прашања во интерес на земјата. ЕУ очекува усвоениот закон да не се меша во независноста на судството, кое самостојно треба да одлучи за тоа кој сè бил вклучен во организирањето и извршувањето насилства, како и за тоа кој не ги исполнил своите службени обврски на 27 април 2017 година“, се наведува во пишаната изјава на портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ.


Собранието синоќа, по скратена постапка, со 95 гласа „за“, без против и воздржани, го донесе Законот за амнестија за насилствата на 27 април минатата година. Согласно законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.

Читайте на сайте