World News in Macedonian

Американскиот секретар за одбрана Матис заминува од функцијата

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во почетокот на идната година заминува од функцијата. Тој во писмото за неговата оставка наведува дека неговите погледи не биле „во согласност“ со оние на претседателот Доналд Трамп. Притоа тој, меѓу другото, ги спомнува политиките на Трамп спрема Русија и Кина. Писмото со неговата оставка беше објавено кусо време откако Трамп на Твитер објави дека секретарот за одбрана ќе се пензионира кон крајот на февруари идната година. Американските конгресмени, и од Демократската и од Републиканската партија, веднаш изразија негодување околу заминувањето на Матис за кој се смета дека е еден од посигурните во администрацијата на Трамп.

Читайте на сайте