Работата на американската влада делумно блокирана
Работата на американската влада делумно е прекината откако Конгресот не постигна договор за буџетот. Тоа значи дека 25 отсто од клучните административни операции се прекинати. Американскиот претседател Доналд Трамп повика да не се усвои буџетот во кој не се предвидува изградбата на ѕид на границата со Мексико кој ќе чини 5 милијарди долари.
Демократите се противат на изградбата на ѕидот и порачаа дека нема да ги обезбедат потребните гласови на буџет кој предвидува такви трошоци. Се проценува дека околу 800 илјади вработени во администрацијата или ќе бидат привремено ослободени од работа или ќе бидат принудени да работат без да бидат платени.