Грчки метрополити против Договорот од Преспа
Дваесет и двајца метрополити од северна Грција во писмо го изразуваат своето несогласување со Договорот од Преспа. Писмото е адресирано до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, до претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, до грчкиот премиер Алексис Ципрас, до претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис, до Архиепископот на грчката православна црква Иеронимос, како и до претседателите на партиите и членовите на парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.
„Ратификација на Договорот од Преспа од парламентот на Грција, како и признавање на Автокефална црква на Македонија, не само што нема да бидат основа за мирен соживот на грчкиот народ и народот на соседната земја, туку ќе бидат постојано жариште за негување на иредентизам и непријателство. Бидејќи ниту еден договор не може да просперира ако не се базира на вистината“, пишуваат Митрополитите.
Писмото е потпишано од Митрополитите од Солун, Лерин, Кукуш, Сер, Воден, Кожани и други.