World News in Macedonian

Турција ја зајакнува одбраната на границата со Сирија

Турција започнала да распоредува дополнителни сили во реоните долж границата со Сирија, кон кои се упатиле околу сто воени возила, јавија турските медиуми. Според објавите, кон пограничните реони се движат конвои од тенкови, топови и автобуси, кои превезуваат припадници на специјалните армиски единици.


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган пред два дена соопшти дека најавената воена операција во сириските реони источно од реката Еуфрат против Силите за заштита на народот на сириските Курди, се одлага „за неколку месеци“.

Читайте на сайте