World News in Macedonian

Напад со автомобил бомба во Кабул

Милитантите денеска активираа автомобил-бомба пред да почнат со  нападот врз владинииот комплекс во главниот град на Авганистан, Кабул, објавија официјални лица и очевидци. Насрат Рахими, портпарол на Министерството за внатрешни работи, рече дека неколку вооружени лица влегле во владиниот комплекс и дека разменуваат оган со авганистанските безбедносни сили кои пристигнале на местото на настанот. Комплексот се наоѓа во делот каде што се  Министерството за јавни работи и канцеларијата на Министерството за труд, социјални работи, и лица со посебни потреби. Нема информации за жртвите ниту некој ја презеде  одговорноста за нападот.

Читайте на сайте