World News in Macedonian

Уапсени таткото и мајката, кои протестираа барајќи правда за нивниот убиен син во Бања Лука

Полицијата во Бања Лука денеска го уапси таткото кој протестираше, барајќи одговорност за убиството на неговиот син. Полицијата на Република Српска соопшти дека Давор Драгичевиќ бил уапсен поради кривично дело „загрозување на безбедноста“ на министерот за внатрешни работи Драган Лукач и на високиот полициски функционер Дарко Илиќ. Тој го обвинува нив двајца за убиството не неговиот син Давид.


По апсењето на Драгичевиќ, на протест излегла мајката на убиениот Давид, Сузана Радановиќ, но набрзо и таа била уапсена, заедно со уште неколку граѓани. Полицијата привела и новинар кој го снимал апсењето, но тој набрзо бил ослободен.


Полицијата го огради плоштадот Краина, каде што се одржуваа протестите поради убиството на Давид, со жолта лента. Мала група граѓани и во моментов протестира, а атмосферата е напната.

Читайте на сайте