World News in Macedonian

Шаторите од кампот кај Собранието биле третирани како отпад

Од Град Скопје ја издале наредбата за отстранување на шаторите пред Собрание кои беа поставени од движењето „Македонија блокира“. Од Градот информираат дека шаторите се отстранети затоа што биле поставени илегално и дека она што е подигнато е третирано како отпад.


„Никој немал побарано дозвола за собир и поставување на шатори, а седеа таму со месеци илегално. Кога екипите отишле синоќа да ги тргнат, во шаторите немало никој, значи не се работело за камп. Она што е најдено е подигнато и е третирано како отпад“, велат од Градот.


Претходно од „Единствена Македонија“ изјавија дека кампот уредно го пријавиле во полиција со известување дека ќе кампуваат во паркот „Жена борец“ до крајот на месецов. Од Град Скопје велат дека тоа не е точно. Проверките во МВР покажуваат дека кампот бил пријавен на 5 септември и само за еден ден.

Читайте на сайте