World News in Macedonian

Подготвен првиот ирански буџет по обновата на американските санкции

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска во Парламентот го испрати предлог буџетот за наредната година, прв откако САД повторно ги воведоа санкциите против Техеран, кои беа претходно укинати, благодарение на меѓународниот нуклеарен договор.


Новиот буџет од 47,5 милијарди долари е повеќе од двојно помал во однос на претходниот, главно поради намалување на вредноста на иранската валута по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече од нуклеарниот договор постигнат меѓу светските сили и Иран во 2015 година.


Пред една година за еден долар се добиваа 42 илјади риали, а сега е 100 илјади.


Владата планира да финансира 35 отсто од буџетските приходи од нафтата.


САД повторно воведоа остри санкции против Иран минатиот месец, но на одредени држави им дозволија да продолжат да увезуваат иранска нафта, под услов ги ограничат набавките во иднина.


Рохани рече дека санкциите му нанесоа штета на Техеран, но дека нема да го соборат Иран „на колена“.

Читайте на сайте