World News in Macedonian

Студенти во Иран протестираат по смртоносна сообраќајна несреќа

Стотици студенти од иранскиот Универзитет Азад протестираа во главниот град Техеран поради сообраќајна несреќа во која при судир на автобус загинаа и беа повредени околу дваесет студенти. 


Некои од студентите бараат оставки на менаџерите на Универзитетот, кои ги обвинуваат за инцидентот. Некои од роднините на загинатите студенти исто така се приклучија на протестот, објавија иранските новински агенции. 


Најмалку 10 студенти загинаа и 27 беа повредени автобусот се преврте во кампусот на филијалата за наука и истражување на Универзитетот во Техеран. 


Полицијата соопшти дека ги истражува причините за инцидентот, а обвинителот пртед неколку дена објави дека две лица се притворени во врска со несреќата.

Читайте на сайте