World News in Macedonian

Одложени Претседателските избори во Авганистан

Авганистанските изборни власти одлучија да ги одложат поретседателските избори за три месеци до 20 јули, објави агенцијата Франс-прес цитирајќи го шефот на Независната изборна комисија.


Во денешното соопшртение на шефот на Комисијата Абдул Бади Сајед се вели дека провинциските избори, изборите во окружниот совет, како и претходно одложените парламентарни избори во провинцијата Газни, ќе бидат држани на ист ден, објавува АПФ.


Претставниците на Независната изборна комисија неодамна изјавија дека размислуваат да го одложат гласањето, кое се очекуваше во април 2019 година, поради одложувања во регистрирањата и тековни технички проблеми.

Читайте на сайте