World News in Macedonian

Неколку илјади луѓе повторно на протест во Бања Лука

Неколку илјади граѓани повторно се собраа синоќа во центарот на Бања Лука по што се упатија на протестна прошетка по улиците на градот, барајќи правда за убиеното момче Давид Драгичевиќ и оставка на министерот за внатрешни работи на Република Српска Драган Лукач. Татко на убиеното момче Давор Драгичевиќ најави дека ќе протестира додека Лукач не поднесе оставка и додека не бидат уапсени убијците на неговиот син. Во истовреме во Сараево беа одржани протести „Правда за Давид“, „Правда за Џенан“. Џенан Мемиќ исто така настрадал во неразјасети околности во Сараево, а и за тоа убиство никој не одговарал.

Читайте на сайте