World News in Macedonian

Француската полиција се подготвува на можни нереди

За време на новогодишната ноќ во Франција ќе бидат разместени над 147 илјади припадници на безбедносните сили, а демонстрантите од движењето „Жолти елеци“ најавуваат дека ќе и се придружат на јавната прослава на Елисејските полиња во Париз. Министерството за внатрешни работи соопшти дека безбедносните мерки биле потребни поради „сериозни терористички закани“ и поради можни непријавени протести. „Жолтите елеци“ од средината на ноември организираат демонстрации поради најавеното зголемување на данокот за гориво, но протестот брзо се претвори во општ израз на незадоволство од политиката на претседателот Емануел Макрон.

Читайте на сайте