World News in Macedonian

Романија го презема Советот на ЕУ за наредните шест месеци

Романија од први јануари првпат го презема претседателствувањето во Советот на ЕУ. Романското претседателство ќе управува со агендата на ЕУ во наредните шест месеци, кои ќе бидат впрочем и меѓу најтешките, бидејќи во следниот семестар треба да се најде решение за напуштањето на Велика Британија на ЕУ и да се подготват мајските европски парламентарни избори кои можат значајно да ја сменат политиката во Унијата.


Романија последниве месеци, па и година, се соочува со сериозни критики за „уназадување на демократијата“, и е под силен надзор на органите на ЕУ. Во дел од извештаите на Унијата стоеше дека „се чини оти Романија тргнала по патот на нелибералните демократии како Унгарија и Полска“.

Читайте на сайте