World News in Macedonian

Дежурни пунктови за деца во три поликлиники во Скопје

Од денеска почнуваат да функционираат три дежурни пунктови во Здравствениот дом Скопје и тоа во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и во Ѓорче Петров, каде граѓаните најпрво ќе може да побараат здравствена помош за своите деца наместо да одат во Клиниката за детски болести или во Детската болница Козле.


Пунктовите ќе функционираат од понеделник до сабота од 19:30 до 07:30 часот, а лабораториите ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела пунктовите ќе работат 24 часа, а лабораториите ќе работат од 8 до 23:30 часот.


Службата за Итна медицинска помош (ИПМ) со домашно лекување во состав на ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”-Скопје за време на новогодишните празници ќе работи 24 часа.


Со секојдневното работно време ќе функционира и Единицата за домашна посета.

Читайте на сайте