Минусни температури и повремен снег
Времето утрово е умерено до значително облачно и многу студено. Локално во северните и североисточните делови провејува снег.
Во текот на денот се очекува променливо облачно време. Локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер.
Максималната температура ќе достигне од минус четири до четири степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремено провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до еден степен.
Најниската утринска температура е измерена во Битола и тоа минус 21 степен, а најтопло било во Дојран, каде се озмерени минус четири степени.
Снежната покривка е највисока во Маврови Анови 65 сантиметри.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.