Путин и Ердоган на средба за Сирија
Претседателите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган планираат наскоро да се сретнат за да разговараат за најавеното заминување на американските сили од Сирија, каде што и двете земји имаат значително воено присуство. Средбата се очекува да биде во текот на овој месец, но се уште не е прецизирано кога и каде. Путин и Ердоган последен пат се сретнаа на 1 декември на самитот на Г20 во Буенос Аирес.