World News in Macedonian

Над 800 уапсени демонстранти во Судан од почетокот на протестите

Вкупно 816 демонстранти се уапсени во Судан до почетокот на протестите на 19 декември поради поскапувањето на лебот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.


За време на протестите загинаа 19 луѓе, меѓу кои и двајца припадници на силите за безбедност.


Амнести интернејшнал соопшти дена загинале 37 луѓе, додека ОН побараа независна истрага за околностите за смртта на демонстрантите.


Министерот за внатрешни работи Ахмед Осман изјави дека досега се одржале над 380 протестни собори.


Протестите против поскапувањето на лебот подоцна се претворија во протести против владата.


Во делови од Судан, како и во главниот град Картум има недостиг од леб. Во Картум од почетокот на минатата година има големи редици за основни намирници, како и за гориво на пумпите. 

Читайте на сайте