World News in Macedonian

САД отфрлија предлог на Русија за сапсување на нуклеарниот договор од 1987

САД го отфрлија рускиот предлог за спасување на клучниот договор за контрола на оружјето од Студената војна, бидејќи пактот не може правилно да се верификува. Коментарите дадени на 16 јануари од американскиот државен секретар за контрола на оружјето и меѓународна соработка Андреа Томпсон, ја постави сцената за Вашингтон да се повлече следниот месец од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел од 1978 година.


Зборувајќи по состанокот во Женева меѓу претставници на САД и Русија, Томпсон изјави дека Москва одбива да дозволи правилна проверка на новиот руски ракетен систем, кој Вашингтон вели дека го крши билатералниот договор.


Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини САД дека бараат да се уништи системот на оружјето, велејќи дека Москва е подготвена да се обиде да го зачува нуклеарниот договор.

Читайте на сайте