World News in Macedonian

Наскоро заеднички граничен премин со Бугарија

Бугарскиот вицепремиер Томислав Дончев денеска изјави дека за неколку месеци може да има заеднички граничен премин меѓу Македонија и Бугарија


"За отворање заеднички граничен премин неопходно е да одлучиме на чија територија ќе биде сместена екипата за влегување и за излегување и треба организациски да се подготвиме. Станува збор за неколку месеци", рече Дончев во одговор на новинарско прашање на денешниот бизнис форум „МК-БГ 2019“ во Скопје.


За бугарскиот дел од железницата кон Македонија тој  посочи дека во моментов се проектира трасата од бугарска страна и се изготвува детален технички проект.


"Се надевам дека технички пругата ќе биде завршена пред 2027 година, но не можам да прецизирам точно кога. Ќе направиме се заедно со македонската страна пругата што побрзо да биде реализирана, бидејќи и за нас е еден од приоритетите" рече Дончев.

Читайте на сайте