World News in Macedonian

Ноќеска Скопје бил најзагаден град во светот

Скопје ноќеска по еден часот бил на првото место меѓу градовите со најголемо аерозагадување во светот. Индексот на загадување во Скопје, според мерењата на „Ер вижуал“, во еден часот по полноќ, бил 430. Со тој индекс на загаденост, Скопје бил на врвот на листата, а по него следувале индискиот Делхи, Дака во Бангладеш, пакистанскиот Лахор и главниот град на Косово - Приштина.


Поради високата загаденост, Град Скопје вчера објави препораки до граѓаните: Да се избегнува користењето на возила или да се споделува  превозот, да се избегнува седење на отворено, да не се горат штетни материјали, да се чистат оџаците...

Читайте на сайте