World News in Macedonian

Јужнокорејски спортистки ги обвинија тренерите за силување

Неколку јужнокорејски спортистки ги обвинија своите тренери за сексуална злоупотреба, откако двојната олимписка шампионка во лизгање Шим Сук-хи изјави дека тренерот ја силувал. Групата „Солидарност за младите лизгачки“ денеска одржа прес-конференција во јужнокорејскиот парламент во Сеул и соопштија дека уште пет лизгачки изнеле исти обвинувања, но не ги открија нивните имиња.


Пратеничката Сон Хје-вон на прес-конференцијата рече дека една од наводните жртви рекла дека тренерот ја злоупотребувал во повеќе наврати додека како тинејџерка тренирала на Националниот спортски универзитет. Таа побара отворање истрага против поранешниот тренер на националниот тим Џеон Мјенг-гју, и ги повика претседателот и другите челници на Олимпискиот комитет да поднесат оставки, зашто, како што рече, не успеале да ги заштитат спортистките.


Освен лизгачките, и спортистки што се занимаваат со џудо, борење и теквондо ги обвинија своите тренери за сексуална злоупотреба, а исти обвинувања изнесоа и олимписките вицешампионки во карлинг.

Читайте на сайте