World News in Macedonian

Поради невремето авионот на Заев слета во Софија

Авионот со кој патуваше премиерот Зоран Заев и дел од владината делегација, кои се враќаа од економскиот самит во Давос, Швајцарија не можеше да слета поради снежното невреме во Скопје. Поради ова слетувањето е пренасочено на аеродромот во Софија.


Од СДСМ за МИА потврдија дека авионот безбедно слетал во Софија и Заев тргнал на пат кон Скопје.


"Причината за пренасочување се интензивните снежни врнежи и немањето услови за слетување на скопскиот аеродром" рекоа од СДСМ.


Заев треба вечерва да пристигне во партсикото седиште на СДСМ, каде пред Централниот Одбор ќе се разговара за две прашања - процедурата за избор на нивниот кандидат за претседател на државата и можноста заедно со претседателските да има предвремени парламентарни избори.


Инаку почетокот на седницата беше закажан во 19:00 часот, во седиштето на партијата во Скопје.


Пред членовите на Централниот одбор на СДСМ на дневен ред се повеќе точки поврзани со процесот на реформите, напредокот на Македонија, интеграциите и членството во НАТО и ЕУ, актуелната политичка состојба во земјава, други политички и внатрепартиски прашања




 

Читайте на сайте