World News in Macedonian

Европскиот парламент го призна Гваидо за претседател на Венецуела

Парламентот на ЕУ гласаше да го признае Хуан Гваидо за привремен претседател на Венецуела, како симболичен чекор да се изврши притисок врз оспоруваниот претседател на оваа земја, Николас Мадуро.


Пратениците од Европскиот парламент усвоија необавезна резолуција и ги повикаа владите на земјите членки да го сторат истото.


Документот беше усвоен со 439 гласа наспроти 104, а 88 пратеници беа воздржани.


Гваидо е лидер на опозицијата и претседател на парламентот. Тој неодамна се прогласи за шеф на државата по протестите на опозицијата која смета дека Мадуро е избран на нерегуларен начин. Гваидо за претседател го признаа САД и повеќето западни земји, а Кина Русија и Иран се противат на тоа.

Читайте на сайте