World News in Macedonian

Почна промената на името на таблите на граничните премини

Таблите на граничниот премин Богородица кон Грција веќе се сменети и на нив го пишува новото име Република Северна Македонија. На останатите гранични премини се планира таблите да бидат променети во текот на денот, најави директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.


Тој појасни дека поради тоа што времето е кратко за спроведување тендерски постапки, а согласно заклучоците на Владата предвидено е таблите да бидат променети каде што е можно со налепници, а каде е можно со монтирање други табли, за да се исполни обврската во рок од три дена да бидат променети таблите на граничните премини со новото име Република Северна Македонија.

Читайте на сайте