World News in Macedonian

Државниот обвинител го испратил Законот за СЈО на толкување во Собранието

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска го испратил барањето до Собранието за автентично толкување на член 22 од Законот за Специјалното јавно обвинителство. Јавниот обвинител, врз основа на член 175 од Деловникот на Собранието, поднесува барање за давање на автентично толкување на чл.22 од Законот за Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.


Потребата од давање автентично толкување произлегува од различното толкување на чл. 22 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.


 

Читайте на сайте