World News in Macedonian

Американскиот конгрес не поддржа воена интервенција во Венецуела

Американскиот Конгрес не поддржа воена интервенција на САД во Венецуела, изјави шефот на Комитетот за меѓународни односи при Претставничкиот дом, Елиот Енгел.


„Воена интеревенција не е можна опција. Конгресот е тој што одлучува каде и кога американските сили ќе бидат искористени во светот“, истакна Енгел.


Претходно, претставници на американската администрација соопштија дека се разгледува можноста за употреба на воена сила, кога станува збор за решавање на прашањето во Венецуела.

Читайте на сайте