World News in Macedonian

Грција нуди помош за македонските воени сили

Грчкиот министер за одбрана Евагелос Апостолакис, денеска во Брисел понудил помош од грчката армија за нашата армијата, како дел од Преспанскиот договор. Тој и неговата македонска колешка Радмила Шекеринска разговарале за имплементацијата на членот седумнаесет од Преспанскиот Договор, кој се однесува на соработката во одбраната.


Според овој член двете страни треба да ја зајакнат и зголемат соработката во оваа област, меѓу другото преку трансфер на знаење и градење на капацитети, како и размена на информации и заеднички воени вежби.


„Во овој контекст и ставив на знаење дека хеленските вооружени сили се во можност да помогнат во градењето на капацитетот на вооружените сили на соседот за да можат брзо и глатко да се прилагодат на Алијансата“, изјави Апостолакис.


 

Читайте на сайте