World News in Macedonian

Од полноќ во Грција само со пасош

Официјално од полноќ при влез во Грција македонскитеграѓани ја минуваат македонско-грчката граница само со пасоши на кои на излез од земјава нашите гранични полицајци им ставаат печат на кој пишува дека патната исправа е во сопственост на Република Северна Македонија, а грчките полицајци за прв пат печати ставаат во пасошите. Досега тоа го правеа на бели ливчиња. Новите правила од Преспанскиот договор грчките погранични служби почнаа да ги применуваат по една недела откако на граничниот премин Богородица беше поставена таблата со новото уставно име на нашата земја. Според најавите, лични карти и патни исправи со новото уставно име на земјава,ќе почнат да се издаваат кон крајот на годинава.

Читайте на сайте