World News in Macedonian

Претставникот на талибанците нема да присуствува на мировните преговори

Талибанците од Авганистан соопштија дека нивниот нов политички лидер нема да присуствува на мировните преговори со американските претставници кој треба да се одржи во Катар, наредната недела.


Според нив, Мулах Абдул Гани Барадар нема да отпатува за Катар, бидејќи имал потешкотии во обезбедувањето на патна исправа, но имало и несогласувања околу тоа која треба да биде неговата улога во преговорите.


Американските претставници сакаат да се сретнат со Барадар во надеж дека тој ќе придонесе за нов импулс и за отворање на тешките прашања кои го отежнуваат постигнувањето на договор со авганистанските власти.




 




 

Читайте на сайте