World News in Macedonian

Филипче: Расте бројот на вакцирани од морбили

Министерот за здравство Венко Филипче изјави денеска дека секојдневно има пет шест нови случаи на заболени од морбили и дел од нив се пуштаат на домашно лекување, а дел се задржуваат на лекување во Клиниката за инфективни болести.


„Нема начелно зголемување на бројот на случаи. Се уште расте

бројот на вакцинираните деца и возрасни што е за поздравување и искрено се надевам дека оваа тенденција и понатаму ќе продолжи за епидемијата да заврши во што е можно пократко време“, посочи Филипче по посетата на ЈЗУ Здравствен дом во Велес.

Читайте на сайте