World News in Macedonian

Министерството за правда го осуди инцидентот во затворот во Шутка

Министерството за правда соопшти денеска дека најостро го осудува вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во затворот во Шутка. Од министерството се посочува дека се очекува санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации. Според соопштението, министерството бара и очекува сите надлежни институции да одговорат на највисоко професионално ниво во расветлувањето на денешниот настан.


Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски биле физички нападнати во затворот по еден ден откако им беше одреден притвор во врска со истрагата за настаните во Собранието на 27 април, 2017 година. На нападот според Управата на затворот, претходеле вербални расправии кои биле предизвикани од Јанакиески и Ристовски.

Читайте на сайте