World News in Macedonian

На Јанакиески не му се констатирани телесни повреди

Од ГОБ „8-ми Септември“ соопштија дека на поранешниот министер Миле Јанакиески, кој беше примен во болницата по инцидентот во затворот во Шутка, не му биле констатирани телесни повреди.


Јанакиески се пожалил на болки по телото и главата, а по извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди, се наведува во соопштението.


На Јанакиески и на поранешниот министер Спиро Ристовски синоќа им беше одреден 30-дневен притвор во врска со случувањата во Собранието на „27 април“.




 

Читайте на сайте