World News in Macedonian

Денеска се одбележуваат 76 години од депортацијата на македонските Евреи

Со повеќе активности денеска во Скопје се одбележуваат 76 години од депортацијата на македонските Евреи, во организација на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот. Активностите ќе бидат заокружени со комеморативен концерт во Меморијалниот центар на холокаустот. Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во името на Владата на Република Северна Македонија положи цвеќе на споменикот на 7.144 македонски Евреи кои во 1943 година беа присилно собрани во просториите на тогашниот Монопол и беа испратени во логорот на смртта Треблинка, информираат од МНР.


Во обраќањето пред присутните, Димитров истакна дека и по 76 години, тагата, болката и огорченоста од монструозниот обид за уништување на еврејскиот народ се вечни.Тој нагласи дека му е особена чест да положи цвеќе пред овој, како што рече, споменик, паметник и светилник: споменик на македонските Евреи жртви на Холокаустот, паметник за најголемото зло во историјата на човештво, светилник што секогаш ќе нè води на вистинскиот пат да го негуваме споменот, да ги едуцираме младите генерации, да истражуваме, да бидеме постојано будни и да се бориме против негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот, против антисемитизмот, дискриминацијата и сите други форми на кршење на човековите права.

Читайте на сайте