За Пендаровски, неговото следење и фотографирање е завршена работа
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски смета дека е завршена работата со неговотo следење и фотографирање. Вели дека не забележал дали се уште го следат и не сакаше да каже дали останува на ставот дека е следен од странски служби кои се блиски од опозицијата.
„Таа работа е завршена. Поднесов пријава и целата работа е кај МВР. Има истрага и тие знаат понатаму. Не сакам да коментирам понатаму за да не им ставам на товар повеќе работи. Тоа е непријатно чувство, но не значи дека е безбедносна закана по мојот интегритет“ рече Пендаровски, по денешната средба со шефот на мисијата на ОБСЕ на која се разговарало за претстојните претседателски избори.
На прашањето дали очекува фер кампања од страна на противкандидатите, Пендаровски вели дека сака да биде оптимист оти нема да има валкана кампања од неговите противници.