World News in Macedonian

Иванов врати десетина закони во Собранието

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не ги потпишал Указите за11 закони кои неодамна беа изгласани во Собранието кои го содржат новото име на државата Република Северна Македонија. Во соопштението од кабинетот на претседателот на Парламентот Талат Џафери е наведено дека во образложението кое Иванов го доставил за непотпишувањето на законите било наведено дека „секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и дека ќе ги брани интересите на Република Македонија“.


Иванов не ги потпишал измените на законите за ОТА, за служба во АРМ, за едношалтерски систем, за електронски комуникации, за данокот на додадена вредност и за субвенционирање на станбен кредит.


Од кабинетот на Џафери посочуваат дека денеска истекува и рокот за потпишување на реформските закони кои беа донесени со двотретинско мнозинство а се донесуваат на судовите, прекршоци и управни спорови.

Читайте на сайте