САД со санкции кон руска банка
САД и наметнаа санкции на руска банка поради нејзината соработка со венецуелската државна нафтена компанија. Станува збор за Еврофинанс Москарбанк, московска банка во чија сопственичка структура се руски и венецуелски државни претпријатија. Во соопштението од американското министерство за финансии е наведено дека санкциите се насочени кон странска финансиска институција која материјално помага, спонзорира или обезбедува поддршка за венецуелската нафтена компанија која сама по себе е инструмент за перење пари од страна на соборениот претседател Мадуро и неговите соработници.
„ Оваа акција ќе покаже дека САД ќе преземат мерки кон странските финансиски институции кои ќе го помагаат и оддржуваат нелегитимниот режим на Мадуро и со тоа ќе придонесат за економски колапс и хуманитарна криза во Венецуела.