World News in Macedonian

Два отсто раст на просечната плата

Просечната плата во јануари оваа година изнесувала 24.517 денари, објави Државниот завод за статистика, со што просечната нето плата по вработен во однос на истиот месец минатата година бележи зголемување за два отсто.


ДЗС наведува дека растот се должи на зголемувањето на просечната месечна плата во секторите здравствена и социјална заштита 9,6 отсто, рударство и вадење камен 8,3 отсто и образование 5,3 отсто.


Просечната бруто плата во јануари 2019 година изнесувала 36.386 денари и бележи зголемување за 3,3 отсто, според податоците на ДСЗ.

Читайте на сайте