World News in Macedonian

Голем пожар му се заканува на Пелистер

Голем шумски пожар е лоциран во атарот на селото Ротино во потпелистерието, соопшти битолската општина. Во соопштението е наведено дека битолската противпожарна единица е на терен и ги презема сите мерки но засилен ветер го разнесува и проширува пожарот кој претставува закана за моликовата шума. Пожарот го гасат локалното население, вработените во НП Пелистер, пожарникари од Битола и Ресен, а општината на помош бара авиони за гасење на пожарот.


„Имајќи ги пред вид околностите и тешко пристапен терен, ангажирани се противпожарните служби, јавните претпријатија на локално и државно ниво, надлежните служби за заштита, спасување и ЦУК. Локализирањето и гаснењето на пожарот е исклучително тешко, “ се вели во соопштението.


Инаку во текот на денот ТППЕ-Битола регистрирале шест противпожарни интервенции, односно во атарот на селата Ниже Поле, Драгожани, во Мариовскиот дел и во Нова Битола.


 

Читайте на сайте