World News in Macedonian

Решението за СЈО се бара во два правци

За Законот за Специјалното јавно обвинителство треба да се работи паралелно во два правци, и да се обидеме да постигнеме консензус со опозицијата и да разговараме со пратениците, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Тој порача до сите партии да не се откажуваат од барањето консензус до последен момент. Но, како што вели, паралелно треба да се видат и други начини за комуникација со пратениците.


Работните групи на власта и опозицијата досега не успеаја да се усогласат околу Законот за јавното обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО.

Читайте на сайте