Британија бара одложување на Брегзит до 30 јуни
Британската премиерка Тереза Мај му напиша писмо на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во кое бара одложување на Брегзит до 30 ти јуни. Велика Британија треба да ја напушти Европската унија на 12 април, а сé уште во парламентот не е одобрен договор за повлекување. Во своето писмо, Мај предложи Велика Британија да си замине пред европските парламентарни избори на 23-ти мај, ако пратениците постигнат договор за повлекување на време. Но, таа наведе дека Британија би требало да се подготви и за овие избори, во случај да не постигнат договор за Брегзит.
До ова доаѓа откако медиумите објавија дека Туск ја притиска ЕУ да и понуди на Меј едногодишното "флексибилно" одложување на Брегзит.
До ова доаѓа откако медиумите објавија дека Туск ја притиска ЕУ да и понуди на Меј едногодишното "флексибилно" одложување на Брегзит.