World News in Macedonian

Зголемување на породилното за три месеци во дел од приватниот сектор

Неколку македонски приватни компании ќе го продолжат породилното отсуство од 9 на 12 месеци за своите вработени. Оваа иницијатива денеска на работната средба со Стопанските комори ја поддржаа и премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.


„Ова е една прекрасна иницијатива што самите компании во разговор со синдикатите и со своите вработени, менаџерските тимови

одлучиле да овозможат дополнителни три месеци породилно боледување на мајките по раѓањето на своето дете“, истакна Заев по состанокот.


Според него, ова засега останува иницијатива само во приватните компании и не може да се спроведе во јавниот сектор, бидејќи како што рече, во тој случај буџетот на Фондот за здравство треба да се зголеми за 30 отсто.


„За жал ние немаме можност тоа да го воведеме во државниот сектор. Продолжувањето на породилното отусуство е иницијатива на приватните компании. Ние немаме ресурси во законот тоа да го додадеме. Тие тоа самоиницијативно го прават. Од фабриката „Европа“

од 400 вработени 300 се жени. Во моментот имаат десетина на породилно. И тие велат дека тоа е можно да го организираат. Тие како компанија ги покриваат трошоците и велат дека добиваат среќни, лојални работници“, посочи Заев.


Вели дека на состанокот била отворена можноста да се воведе и рамноправно породилно боледување и за татковците, можност за комбинирани делови на породилно боледување на мајките и на татковците.

Читайте на сайте