World News in Macedonian

Телата на загинатите кај Солунска Глава ќе се пренесат во Бугарија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се завршени ДНК анализите на Институтот за судска медицина и оти во моментот се договара транспортот на четворицата бугарски државјани, кои завчера го загубија животот во авионската несреќа што се случи кај Солунска Глава


„ Истрагата ја спроведува независната Комисија за авионски несреќи и сериозни инциденти и сите насоки ги даваат тие, и во однос на подигањето на остатоците од авионот. МВР е подготвена и во овие услови тоа да го изведе, меѓутоа чекаме наредба од оваа институција,изјави Спасовски по денешното одбележување на 15 години од формирањето на МАРРИ Регионалниот центар.


Претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти Зоран Илиевски, вчера информираше  дека остатоците на авионот ќе бидат подигнати веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови. Истрагата треба да покаже дали има потреба од вештачење на леталото.


Во авионската несреќа на 2 април загинаа бизнисменот Георги Бошнаков, кој управувал со авионот, неговата сопруга Калина и двете ќерки Гергана и Билјана Бошнакови.


 

Читайте на сайте