World News in Macedonian

Викендов можна нова „милениумска бубачка“

Ноќта меѓу сабота и недела би можело да дојде до проблеми во работата на Џи-Пи-Ес системите, по сценарио слично на она од 1999 година кога целиот свет стравуваше од колапс на компјутерски системи при преминот во новиот милениум, поради т.н. „милениумска бубачка“, објави телевизиската мрежа Ен-Би-Си.


Американската телевизија наведува дека компјутерските системи поврзани со сателитите на Системот за глобално позиционирање 24 (Џи-Пи-Ес 24) што орбитираат околу Земјата, во недела во 1.59 часот по средноевропско време би можеле одеднаш да се вратат десет години наназад на 22 август 1999 година.


Теоретски тоа би значело дека е можно нарушување на нормалната работа не само на некои системи за навигација, туку и на повеќе витални инфраструктурни системи во комуникацискиот, транспортниот и електроенергетскиот сектор.

Читайте на сайте